Видео: Хабиб против мечката – втора рунда

Хабиб Нурмагомедов своите први тренинзи како борец ги имаше борејќи се со мала мечка во татковината Дагестан. Години подоцна, тој сега е шампион во УФЦ, но Хабиб го искористи враќањето назад во татковината за потсетување на почетоците, па денеска објави ново видео – како се бори со мечка во присуство на своите пријатели.

Својот камбек во рингот по суспензијата од УФЦ дагестанскиот борец ќе го има во септември против привремениот првак во лесна категорија, Дастин Поарие.

„Дастин ме импресинираше со одличната борба против Макс Холовеј. Боксуваше подобро од претходно, напредува во секоја наредна борба. Тој заслужи да ме предизвика за појасот, го почитувам како човек и како борец, но штом влеземе во октагонот ќе сакам да го сомелам, како и сите претходни противници“ – истакна Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...