ВИДЕО: Хаос на мечот на Раул и Партизан – Ракометар нокаутиран, таткото влета на терен!

Ракометарите на Партизан ги победија Лавовите со 40-27 во 6. коло од српското првенство, но мечот го одбележа хаосот кој се случи во 54. минута од средбата.

Откако ракометарот на Партизан, Владислав Кулеш, постигна гол, за време на прославата ненамерно го удри Александар Стојковиќ и го нокаутира!

Шокантни сцени беа видени потоа по повредата на Александар Стојковиќ, пивотменот на тимот на Лавовите, чии родители го гледаа немилиот настан од трибините.

Неговиот татко Растко Стојковиќ, поранешен српски репрезентативец и освојувач на сребрен медал на Европското првенство во Белград во 2012 година, истрча на теренот во бес и се обиде да се соочи со белорускиот ракометар.

Ситуацијата се закануваше да ескалира, но играчите и членовите на стручните штабови на двата тима реагираа брзо. Особено се истакна помошникот тренер на Партизан, Марко Павловиќ, кој заедно со другите успеа да го запре вознемирениот Стојковиќ и да спречи понатамошен конфликт.

Сепак, сè беше во сенка на повредата на младиот ракометар, кој беше изнесен од теренот на носилки. Партизан набрзо испрати порака за поддршка до играчот на Лавовите и му посака брзо закрепнување.

Се вчитува...