Шок за „Милионерите“, до 88-та минута водеа со 2:0, но останаа без победа (ВИДЕО

Во првиот натпревар од петтото коло во Бундеслигата, Борусија Дортмунд и Вердер одиграа без победник 2:2, со голови кои беа постигнати во последните десет минути.

„Милионерите“ водеа со 2:0 до 88-та минута, но на крајот останаа без победата. И покрај ремито, Борусија е лидер на табелата со 13 бода, додека Вердер четврти со осум освоени бодови.

Мрежите мируваа до 80-та минута, а потоа вистинско гол-шоу на „Сигнал Идуна Парк“.

 

Резултатот го отвори Даниел Свенсон во 80-та минута кога на најдобар начин на круниса контрата на Борусија отворајќи го резултатот.

 

Пет минути подоцна, Нико Шлотенберг беше највисок во скокот по корнерот кој го изведе Верман и зголеми на 2:0.

 

 

Само три минути подоцна, Вердер преку Реис повторно ја врати неизвесноста намалувајќи на 2:1.

Шокот за домашните навивачи се случи во 92-та минута кога Никлас Филкруг, ја избегна офсајд замката и погоди за 2:2.

 

 

Се вчитува...