На стартот од подготвителните натпревари пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, навивачите на Далас маверикс имаат причини за задоволство, конечно на терените се враќа Кајри Ирвинг.
Далас маверикс денеска во Кина загуби од Хјустон рокетс со 137:117 во првиот од двата меѓусебни дуели, а токму вториот меч ќе биде интересен за Далас бидејќи по пауза од 20 месеци, на него ќе настапи и Кајри Ирвинг.
Ирвинг во март минатата година ги скина лиганментите на коленото во дуелот со Сакраменто по што следеше операција и долга рехабилитација.
Агонијата конечно заврши за Ирвинг и тој в недела во Макао повторно ќе го облече дресот на Далас и ќе настапи против Хјустон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
