ВИДЕО: Хасани донесе триумф за Шкендија – Дали беше пенал!?

Шкендија сосема заслужено дојде до триумфот против Работнички од 2-1 во 14. коло од ПМФЛ, откако комплетно доминираше во второто полувреме кога создаде неколку одлични шанси, за да на крајот со гол од пенал на капитенот Ферхан Хасани во 82. минута стигне до трите бода.

Интересно, само неколку минути пред досудениот пенал, главниот судија Александар Ставрев се чини имаше поочигледна ситуација да досуди удар од белата точка кога играше со рака Садики, но се одлучи само една минута подоцна да досуди пенал по стартот врз Бесарт Ибраими… Останува дилемата дали, стартот врз Ибраими беше надвор или во шеснасетникот на гостите!?

Како и да е, Шкендија дојде до триумфот зачувувајќи ја предноста од 11 бода во однос на Вардар…

Се вчитува...