ВИДЕО: Хет-трик на Ибраими, Шкендија има и 3-1 со Хелсинки!

Со два погодоци, и двата на Бесарт Ибраими во 59. и во 64. минута, Шкендија доаѓа до водство од 3-1 против Хелсинки на мечот кој се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Сосема заслужено Шкендија стигна до водство со пресврт по тоталната доминација во текот на целиот натпревар. Ибраими најпрво погоди за 2-1 во 59. минута по асистенцијата на Ферхан Хасани…

Shkendija (Mac) 2-1 HJK (Fin) 13.07.2017 by Football–Live

Потоа, офанзивецот на тетовци и вторпат од пенал погоди во 64. минута за водство од 3-1…

Претходно, во првото полувреме, Хелсинки поведе во 37. минута, а Бесарт Ибраими со удар од белата точка израмни во 45. минута.

Besart Ibraimi GOAL HD – Shkendija (Mac) 3… by 87taras

Се вчитува...