ВИДЕО: ‘Хорор’ старт на Шкртел врз Жута, a доби само жолт картон

Фенербахче ремизираше против Коњаспор во 22. коло од Суперлигата на Турција.

Во составот на Коњаспор целиот натпревар го одигра левокрилниот македонски дефанзивец Леонард Жута, додека кај Фенербахче, Елиф Елмас ги одигра последните шест минути.

Сепак, натпреварот го одбележа неверојатниот старт на словачкиот репрезентативец Мартин Шкртел уште во 13. минута од средбата, врз Жута… Зачудувачки судијата му додели само жолт картон, иако вистинска среќа е што македонскиот фудбалер мина и со само полесна повреда…

 

По натпреварот, Жута пред турските медиуми ги покажа трагите од стартот на Шкртел, притоа истакнувајќи дека зачудувачки за сите во тимот е што воопшто не бил употребен ВАР системот па Словакот да добие заслужен црвен картон.

„Стартот на Шкртел беше навистина суров. Не знам зошто судијата не користеше и ВАР? Сигурно во тој случај ќе му беше јасно дека стартот е за црвен картон“ – изјави Жута по натпреварот.

 

Се вчитува...