ВИДЕО: Ибраими со нова мајсторија веќе се двои на листата на стрелците…

Шкендија дојде до триумф од 1-3 на гостувањето против Брегалница во Штип во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Бесарт Ибраими уште еднаш демонстрираше индивидуална мајсторија постигнувајќи убав погодок, по соло продор, со кој со вкупно 13 гола сега веќе се издвои на врвот на листата на најдобрите стрелци во првенството. Зад него останаа неговиот соиграч Ферхан Хасани и офанзивецот на Силекс, Игор Недељковиќ кои имаат по 11 погодоци.

Првиот гол во дресот на Шкендија го запиша и Бесарт Абдурахими, а третиот гол за тетовци на крајот беше дело на Арменд Алими. Единствениот гол за Брегалница го постигна капитенот Горан Здравков со удар од белата точка.

Се вчитува...