ВИДЕО: Илија не ти бил само „Нестор-гол“…, туку и „Нестор-кош“!

Македонските репрезентативци полека се собираат во Анталија „загревајќи“ се за пријателските натпревари со Финска и со Азербејџан кои ги очекуваат на 23. односно 27. март.

Први кои пристигнаа во турскиот туристички центар се фудбалерите на Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски. Па, додека ги чекаат останатите се одлучија за малку кошарка како загревање за сето она што деновиве фудбалски ќе им го сервира селекторот Игор Ангеловски.

И голгетерот на Палермо веднаш покажа дека всушност да не ти бил само „Нестор-гол“…, туку и „Нестор-кош“!

@nestoro30 vs @alextrajkovski8

A post shared by ФудбалскаФедерација-Македонија (@ffmacedonia) on

Се вчитува...