ВИДЕО: Има Пандев замена по мерка – Дијамантот Елмас е вистинска „ѕверка“!

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас е творецот на победата на Македонија против Летонија од 3-1 на стартот од квалификациите за ЕП 2020.

Со два погодоци Елмас учествуваше во триумфот на Македонија како подарок и за јубилејот „100 натпревари во репрезентативниот дрес“ на Горан Пандев. А вториот гол за 3-1 во 92. минута вистинско рамек дело на македонскиот дијамант кој покажа со еден потег дека е вистинска фудбалска ѕверка…

 

А, сето тоа само како демонстрација дека Пандев и не мора многу да се грижи кога е иднината на репрезентативните редови во прашање.

Се вчитува...