Видео: Јанакопулос лудуваше по поразот – сакаше да ги тепа судиите, среден прст кон фановите на Олимпијакос

Поразот од Фенербахче тешко му падна на првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој направи нов инцидент по завршувањето на полуфиналниот меч во Абу Даби.

Додека кошаркарите на ПАО разочарани го напуштаа теренот, Јанакопулос се упати кон судиите обидувајќи се дури и да се пресмета со нив, но за среќа беше избегнат уште поголем инцидент.

Исто така, првиот човек на „зелените“ влезе и во конфликт со навивачите на лутиот ривал Олимпијакос, во неколку наврати покажувајќи среден прст кон трибината каде беа сместени „црвено-белите“ од Атина.

Нема сомнеж дека ќе следи нова жестока казна, но тоа сигурно нема да го смени однесувањето на сопственикот на Панатинаикос.

Се вчитува...