ВИДЕО: Јурина со два гола не дозволи максимален ефект на Ренова по три кола

Ренова имаше повеќе од сериозна можност да биде единствената екипа на стартот од новата сезона во Првата лига со три победи од исто толку натпревари во лигата.

Но, триумфот на „гипсарите“ на гостувањето против Шкупи во Чаир го спречи Марин Јурина со двата гола од кои вториот во 90. минута за израмнување и конечни 2-2…

Претходно, Ренова поведе со голот на Ремзифаик Селмани во 82. минута. Истиот играч во 44. минута беше стрелец и на првиот гол за „гипсарите“ на мечот…

Се вчитува...