ВИДЕО: Како беше скршен ПСЖ, од гол на гол… Во „бунар“ стратегијата со напад „7 на 6“!

Несомнен е фактот дека Вардар одигра повеќе од извонредни 120 минути во два дена на Ф4 турнирот во Келн, по кои, можеби како никогаш досега друга екипа во историјата, повеќе од заслужено – од предвреме избришан кандидат за титулата стигна до трофејот!

Долги ќе бидат анализите како и зошто македонскиот шампион успеа да ја покори ракометна Европа, но јасно е дека, онака на прва, еден од клучните моменти беше одличната вардарова одбрана… И, тоа дополнително поочигледно во оние моменти во второто полувреме кога стратегот на ПСЖ, Сердарушиќ се одлучи да ја промени стратегијата и да напаѓа со тактиката „7 на 6“… Токму и тука беа скршени Французите…

Во обиди за напад „7 на 6“ во само една минута Вардар успеа да постигне два погодоци „од гол на гол“ и да се одлепи на 20-17 за влез во финиш во кој македонскиот шампион водеше, а Французите “бркаа“.

Најпрво, Абутовиќ, по одбрана на Штербик, го искористи празниот гол на противникот…

А, веднаш потоа и Шишкарев на ист начин, за уривање на стратегијата на Сердарушиќ, кој веднаш потоа се откажа од таа идеја! Но,…

Се вчитува...