Видео: Како Дурант го растури Милвоки – бројки што ги немал никој во историјата на НБА-плејофот

Кевин Дурант одигра меч за историја предовдејќи го Бруклин до победа над Милвоки. Крилниот кошаркар го заврши мечот со неверојатни 49 поени, 17 скокови и десет асистенции, какви што досега нема остварено ниту еден играч во историјата на плејофот на НБА-лигата.

Тој е првиот кошаркар што заврши меч со нд 45 поени, 15 скокови и 10 асистенции на натпреварот. Дурант за вторпат во кариерата имаше 30 постигнати поени за едно полувреме.

Погледнете како изгледаше симултанката на „Дурантула“ против Милвоки.

Се вчитува...