ВИДЕО: Како Работнички го реши Тре Пене…, голот во последните секунди

Фудбалерите на Работнички се многу блиску до пласман во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа откако во првиот натпревар од двомечот против Тре Пене славеа во Сан Марино со 0-1. Се очекува реваншот во Скопје да биде само формалност за „романтичарите“.

А, до триумфот во Сан Марино македонскиот состав дојде со погодокот на Митрев во 90. минута од средбата. Претходно имаа фудбалерите на Работнички можности и за порано да стигнат до предност, но сепак во листата на стрелците не успеаја да се запишат Дурански, Трајчевски, Кире Маркоски…

Погледнете ги најинтересните случувања од првиот меч во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа меѓу Тре Пене и Работнички…

Се вчитува...