ВИДЕО: Како Ристовски, Адеми и соиграчите спасуваа „глава“ по вчерашното дерби на „Пољуд“

Вкупно 89 лица се уапсени од хрватската полиција за случувањата пред, за време и по вчерашниот дерби дуел меѓу Хајдук и Динамо Загреб на „Пољуд“ во Сплит.

Дел од нив беа уапсени и поради каменување на автобусот на Динамо Загреб. Навивачите на Хајдук се собраа на автопатот и со камења и шишиња го гаѓаа автобусот на загрепчани, во кој беа и македонските репрезентативци Стефан Ристовски, кој настапи на натпреварот, но и Аријан Адеми кој, иако повреден, отпатува со екипата во Сплит како поддршка.

За среќа, освен материјалната штета, нема повредени при тој напад на автобусот во кој беа фудбалерите и стручниот штаб на Динамо Загреб. Денеска, се појави и видео-снимка од нападот на која се гледа како играчите се обидуваа да се заштитат од нападите…

Се вчитува...