ВИДЕО: Како Вардар испушти предност од 2-0 на дербито со „лавовите“

Како и на неколку натпревари претходно сезонава, фудбалерите на Вардар беа блиску до триумф и во дербито од 17. коло против Македонија ЃП, но дозволија „лавовите“ да анулираат негатива и од 2-0 за конечни 2-2.

„Вардарци“ поведоа уште во првото полувреме со голот на Мартин Мирчевски.

Во второто полувреме, најубавата акција на мечот, Попзлатанов и Мирчевски сервираа гол за Цветановски.

Но, потоа следеа два гола на гостите за конечни 2-2. Најпрво погоди Калид Абдул Басит за 2-1.

А потоа и капитенот Боби Божиновски стрелаше за бод на Македонија ЃП.

Се вчитува...