ВИДЕО: Какоооов пресврт… Грне и Барсегјан за водство на Вардар од 2-1!

Феноменален пресврт на Вардар за само пет минути во второто полувреме. Со головите на капитенот Грнчаров во 56. минута и на Барсегјан во 61. минута македонскиот шампион веќе има водство од 2-1 на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за ЛШ против Малме…

Отворената офанзива на стартот од вториот дел вроди со плод во 56. минута кога по корнерот на Фелипе, Грнчаров со глава донесе израмнување за 1-1…

Во 61. минута пенал досуден за Вардар. Гостинскиот голман го одбрани ударот од белата точка на Хуан Фелипе, но на одбиената топка натрча Барсегјан и смести за 2-1…

Се вчитува...