Кошаркарите на Голден стејт славеа против Јута со 140-137 во новиот меч од НБА лигата доаѓајќи до 27-та победа сезонава, додека Јута го запиша својот 30-ти пораз.
Но, овој пат Стеф Кари комплетно „згасна“ постигнувајќи само 16 поени (4/14 од игра), а Голден стејт до победата беше предводен од Клеј Томпсон кој од клупата постигна 35 поени, дополнети и со шест скока и пет асистенции. Ендрју Вигинс го следеше со 19 поени и седум скока, а Дрејмонд Грин заврши со 23 поени.
Но, интересно на мечот имаше и тоа како демонстрирана нетрпеливост меѓу Кари и Томпсон чиј меѓусебен однос очигледно не е најдобар…
The relationship between Klay and Steph doesn’t look good 😬
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 16, 2024
Кај Јута, се издвои Колин Сексон со 34 поени и девет асистенции, а Џорџ помогна со 33 поени.
Мемфис, пак, славеше против третопласираната екипа на Истокот, Милвоки со 113-110.
Заир Вилијамс и Џи Џи Џексон постигнаа по 27 поени и беа најзаслужни за победата на Гризлис во последниот меч за двата тима пред Ол-стар викендот.
На Милвоки не му помогна ниту одличната партија на Јанис Адетукомбо кој го запиша 43-от „дабл-дабл“ ефект во сезоната со 35 поени, и 12 асистенции и четири скока.
Демијан Лилард дополни со 24 поени, а Боби Портис запиша 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА