ВИДЕО: Киксот на Божиновски го отвори патот за три бода на ѓорчепетровци во Кратово

Македонија ЃП сосема заслужено дојде до победата на гостувањето против Силекс во Кратово, со три гола во второто полувреме, иако патот до триумфот беше отворен благодарение на киксот на домашниот голман Даниел Божиновски.

Фернандо Аугусто шутираше од слободен удар од околу 22 метри во 51. минута, а топката лошо отскокна изненадувајќи го домашниот голман за водство од 0-1 на „лавовите“.  Победникот на натпреварот беше одлучен со голот на Кристијан Филиповски во 77. минута, а во првата минута од судиското продолжение интернационалецот од Гана, Басит Абдул Калид заокружи на 0-3…

Се вчитува...