„Лавовите“ водат против Вардар – Божиновски мајсторски круниса прекрасна акција

Македонија ЃП води со 0-1 против Вардар на натпреварот од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ, „лавовите“ до предност дојдоа во 21. минута по прекрасната акција од Фернандо која мајсторски со глава ја круниса капитенот Боби Божиновски…

Претходно, „вардарци“ не успеаја да реализираат две одлични можности во 11. и во 18. минута.

Се вчитува...