ВИДЕО: Лука Станковски ги растажи Ибраими, Дориев… и Шкендија!

Шкендија не успеа да се издвои на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига откако во 10. коло стигна само до реми (1-1) на дуелот против Работнички во Тетово.

Тетовци дојдоа до водство од 1-0 во 16. минута по убавата акција на Љупче Дориев и прекрасната завршница на Бесарт Ибраими…

Но, во 51. минута младиот офанзивец на Работнички, Лука Станковски, ги растажи и Ибраими и Дориев и Шкендија постигнувајќи погодок кој се покажа доволен за конечни 1-1.

Се вчитува...