ВИДЕО: „Мајстор Буба Хасани“ – три гола и асистенција за 4-0 со Скопје!

Нова победа на Шкендија во шампионатот, сега повеќе од убедлива со 4-0 против Скопје во Тетово, и по којзнае кој пат се во знакот на капитенот Ферхан Хасани.

Извонредниот Буба Хасани овој пат во триумфот на „црвено-црните“ учествуваше со три гола и една асистенција. Најпрво во два наврати погоди во првиот дел, во 11. минута и потоа во 38. минута од пенал…

Во второто полувреме, најпрво во 53. минута асистираше од корнер за Егзон Бејтулаи за 3-0, а потоа во 60. минута со глава од непосредна близина го заокружи одличниот меч со хет-трик…

Се вчитува...