ВИДЕО: Мајсторски шут на Елмас од 20 метри – погодениот дирек Осимхен го претвори во гол!

Нова одлична партија на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во дресот на Наполи.

Елмас го стартуваше натпреварот од 19. коло во Серија А на гостувањето против Салернитана на кој Наполи триумфираше со 0-2.

Ди Лоренцо во 45. минута ги донесе гостите до предност од 0-1, за да во 48. минута Осимхен постигне гол за 0-2, но благодарение само на Елиф Елмас. Македонскиот „дијамант“ извонредно шутираше од 20 метри, но левиот дирек спречи погодокот за нашиот репрезентативец. Сепак, на одбиената топка натрча Осимхен и погодениот дирек го претвори во гол за 0-2.

 

Елмас го одигра целиот натпревар за „наполитанците“. Наполи, по оваа победа со 50 бода веќе се зацврсти на врвот од табелата во Серија А со дури 12 бода предност пред второпласираниот Милан.

Се вчитува...