ВИДЕО: Мајсторскиот гол на Ступиќ со пета за триумф на Кит Го во Гевгелија

Петар Најдов и Бошко Ступиќ е двоецот кој донесе победа на Кит Го од 0-2 на гостувањето против лидерот Кожуф во Гевгелија во 11. коло од Втората лига – Исток.

И двата погодоци мајсторски вредни за погледнување. При првиот, Ступиќ во 59. минута украде една топка за Најдов кој прецизно стрелаше од 18 метри за водство од 1-0. При вториот погодок, Најдов одлично продре по десната страна го проигра Ступиќ пред голот на Кожуф кој извонредно со пета од непосредна близина стрелаше за конечни 0-2. Голови кои вреди да се погледнат…

Се вчитува...