ВИДЕО: Максимов се изнапромашува, па конечно погоди во црвено-црниот дрес

Најголемото засилување за Вардар во летниот преоден рок, офанзивецот Максим Максимов конечно го постигна и првиот свој погодок во црвено-црниот дрес.

Максимов, во петтио свој натпревар за Вардар сезонава, стигна до деби погодокот во триумфот од 3-0 против Скопје на „Филип Втори“. Рускиот интернационалец стрелаше за 2-0, откако претходно промаши три одлични можности, од кои во 60. минута осамен пред голот на гостите беше потешко да не реализира. Сепак, шест минути подоцна успеа за првпат да се запише меѓу вардаровите стрелци…

Се вчитува...