ВИДЕО: Малме притиска… Балотели не искористи одлична шанса за Вардар!

Македонскиот шампион, екипата на Вардар има 0-0 по првите 30 минути на гостувањето против шведски Малме во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Сосема очекувано, домашните имаат повеќе од играта со активен напад и желба за погодок. Бергет ја имаше досега најголемата шанса за Малме во 18. минута кога шутираше осамен од само неколку метри пред голот на Вардар, но Гачевски сигурно интервенираше.

И, Вардар запиша една одлична шанса. Во 17. минута Џонатан Балотели се најде во идеална позиција по проигрувањето од Спировски, но шутираше само сантиметри покрај дирекот од голот на Швеѓаните…

Се вчитува...