ВИДЕО: Мечкаровски со „стил“ ја заврши кариерата – Пенал во 90. минута за Пелистер, за победа над Шкендија

Повеќе од возбудливо заврши натпреварот во Тетово меѓу лидерот Шкендија и Пелистер во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пелистер дојде до победа со голот од пенал во 90. минута на Борче Маневски. Интересна ситуација имаше претходно кога гостинскиот напаѓач театрално се одлучи да падне во шеснаесетникот, но главниот судија Димитар Мечкаровски, за кого ова беше последен меч во кариерата, се одлучи да покаже на белата точка.

Се вчитува...