ВИДЕО: Меси е „волшебник“ и кога не ја допира топката

Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата фудбалска генијалност, учествувајќи во акцијата за водство на Барса од 2-1 против Бетис без да ја допре топката.

Алба нафрли од левата страна, а Меси втрча во шеснаесетникот, ги навлече голманот и еден дефанзивец на Бетис и ја остави топката, на неа натрча Гризман, кој немаше проблем од десетина метри да ја смести во празната мрежа.

Тренерот Куман го остави Меси на клупата од почетокот од овој натпревар, но откако Барса одигра слабо по првото полувреме (1-1) Аргентинецот влезе во игра и по само неколку минути игра даде свој придонес за каталонскиот гигант да дојде во водство.

Се вчитува...