ВИДЕО: Моќна, моќна Македонија… Деби гол на Елиф Елмас за 2-0!

Извонредни половина час игра на македонската репрезентација против Летонија во првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020! По само 30 минути Македонија има предност веќе од 2-0 по погодокот на Елиф Елмас кој запиша свој прв гол во националниот дрес.

Повторно одлична акција почната од Горан Пандев проигрувајќи го Несторовски по чиј удар топката се одби до Елмас кој од неколку метри успеа да смести за 2-0…

А, Елмас во игра влезе во 23. минута на местото на Ферхан Хасани кој мораше да го напушти теренот поради повреда.

Македонската селекција можеше да води и многу поубедливо, но останаа нереализирани шансите на Алиоски, Барди и Трајковски.

Се вчитува...