Видео: Мурињо има свој херој – дете што собира топки

Деле Али постигна погодок во клучен момент, Кејн даде два гола во второто полувреме, но Жозе Мурињо има свој херој на мечот со Олимпијакос – едно од децата што собираат топки.

Навистина, момчето одлично се снајде откако по мешаницата на стартот од вториот дел веднаш му фрли топка во рацете на Орие, кој експресно го изведе аутот по кој Хари Кејн го постигна израмнувачкиот гол за 2-2. Тоа беше забележано и од Мурињо, кој неполна минути подоцна отиде да го поздрави снаодливото дете.

Без негова помош големиот пресврт дефинитивно ќе беше многу потешко да се оствари.

Се вчитува...