Видео: МЗТ до круната во М18 во трилер-финале против Партизан

МЗТ Скопје стигна до титулата во М18 шампионатот, откако синоќа во супердраматична завршница „металците“ славеа во финалето против Партизан Мулти Шпед со минимални 83-82, дури по продолжение од пет минути.

Финалната пресметка во „Градски Парк“ донесе суперинтересна завршница, МЗТ најпрвин со слободните фрлања на Димитровски на 0,4 секунди до крајот од регуларниот дел се избори за продолжение, во кое Исајловски постигна тројка на две секунди до крајот и донесе минимална победа на „металците“.

Погледнете ја последната акција на избраниците на тренерот Горан Крстевски и тројката со која тие стигнаа до тронот во М18 шампионатот на Македонија.

Се вчитува...