Видео: Најубав гол во историјата на Барса – кој друг ако не Меси

Лионел Меси е стрелец на најубавиот гол во историјата на Барселона, според гласовите на навивачите кои учествуваа во анкетата што каталонскиот гигант ја организираше со помош на своите профили на социјалните мрежи.

Број 1 гол во историјата на Барса е ремек-делото на Аргентинецот на дуелот со Хетафе во Копа дел реј во сезоната 2006/07 кога тој прими топка на сопствената половина, се ослободи од неколку противнички фудбалери, го мина и голманот и на крајот ја смести топката во мрежата.

Во финалниот избор се најдоа и ремек-делото на Меси во финалето од Копа дел реј потив Атлетик Билбао, неговиот погодок во ЛШ на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид, како и победничкиот гол на Серхио Роберто за 6-1 на неповторливиот реванш против ПСЖ.

Се вчитува...