ВИДЕО: Неверојатна „бомба“ на Лена од 30 метри…, но Пелистер, како и против Вардар, се спаси во последните секунди

Пелистер и Струга ТЛ ремизираа (1-1) во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани пропуштија победа во 91. минута, откако дозволија погодок по своја грешка. А, поведоа со извонредниот гол на Нијаз Лена во 77. минута директно од слободен удар од 30 метри…

Но, во 91. минута, Пелистер дојде до израмнување нешто слично како и на дуелот со Вардар во Битола. По долга топка од длабочина највисок во скокот со глава Анес Хот кој ја искористи и „заспаноста“ на гостинскиот голман за конечни 1-1.

Се вчитува...