ВИДЕО: Неверојатно е што се може да се случи во фудбалот во последните 60 секунди од еден меч

Приказната од изминатиов викенд од фудбалските терени доаѓа од најнискиот ранг на шпанскиот фудбал и натпреварот меѓу Винаорс и Пенискола.

Во 95. минута од натпреварот гостите имаа минимална предност, а домашните вложија се во нападот. И нормално во една таква ситуација и голманот во нападот, па по слободниот удар за домашните топката дојде токму до чуварот на мрежата кој од работ на казнениот простор одлично шутираше и погоди.

Следеше огромно славје, како на теренот така и меѓу навивачите на трибините, но набрзо повторно молк. Херојот на домашните стана трагичар. Додека се враќаше кон својот гол, судијата даде знак дека играта може да продолжи а гостите од центар постигнаа сензационален гол за триумф од 1-2.

Се вчитува...