ВИДЕО: Новиот бисер на Работнички – Ремек-делото на Лука Станковски за водство со Шкупи

Работнички и дефинитивно израснува нов бисер во своите редови, феноменалниот Лука Станковски кој игра во извонредна форма оваа сезона.

17-годишниот Станковски го запиша и четвртиот гол сезонава во дресот на „романтичарите“, овој пат за водство од 1-0 против Шкупи во 11. коло од ПМФЛ. На извонреден начин прими топка од 18-годишниот Тодоровски и во соло-акција, издржувајќи ги и дуелите со противници, мајсторски погоди за 1-0…

Се вчитува...