ВИДЕО: Очајните реакции на голманот Алчевски им пресудија на „пандевци“

„Фенерџијата“ Беласица успеа да стигна до првата победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига, и тоа во струмичката дерби-пресметка со 1-2, но благодарение само на двете катастрофални грешки на голманот на „пандевци“, Алчевски.

А, се тргна убаво за составот на Југослав Тренчовски откако по прекршокот врз Марјан Радески во противничкиот шеснаесетник, Стоилов од пенал уште во 11. минута донесе водство од 1-0.

Но, првата грешка на Алчевски се случи во 41. минута кога по корнерот од десната страна, Зоран Митевски го искористи киксот и израмни на 1-1.

Во второто полувреме, во 66. минута при обид да ја исфрли топката од 16 метри, Сулев го блокираше шутот на Алчевски а топката отседна во мрежата на „пандевци“, за конечни 1-2.

Се вчитува...