ВИДЕО: Ова се ситуациите во Гостивар по кои Вардар е оштетен, а судиите беа суспендирани

Гол за Вардар, по кој беше досуден фаул во напад, пенал за Гостивар и потоа досуден офсајд а има играч на домашниот тим… Тоа се трите спорни моменти поради кои од Вардар збеснаа за вчерашната арбитража на дуелот со Гостивар.

При 0-0 во 5. минута Вардарци постигнаа гол, после кој судијата Влатко Илиоски од Прилеп го поништи поради наводен прекршок. Потоа при водство на 0-1, беше досуден пенал за Гостивар, кој во крајна мера е сомнителен. Залудни беа и тука протестите на Вардарци. „Капката“ која ја прели чашата беше досудениот офсајд за Вардар, иако играч на Гостивар се најде во шеснаесетникот на домашните.

Вардар го загуби натпреварот, и на крај остана со празни раце, и со минимални шанси да дојде до втората позиција на табелата која носи пласман во баражот за Прва лига. Исто така по мечот, Никола Глигоров поднесе оставка од функцијата тренер на екипата.

Судиската комисија денеска излезе со соопштение дека судиите кои го судеа овој меч се суспендирани.

Погледнете ги спорните ситуации:

Се вчитува...