ВИДЕО: Пановски – „ала Шаќири“… Голот на Кит Го го одбележа последното есенско коло во Втората лига

Кит Го е екипата која на некој начин ја одбележува есенската полусезона во двете второлигашки конкуренции со извонредната серија од седум едноподруго победи со кои ја заокружи есента. Во денешното 14. коло во Втората лига – Исток фудбалерите на Кит Го победија со 3-1 против Питу Гули.

А, мечот, но и целокупното последно коло во двете второлигашки конкуренции го одбележа погодокот на Александар Пановски во 42. минута за водство на пехчевци од 2-0. Пановски погоди „ала Артим Шаќири“ директно од корнер изненадувајќи го противничкиот голман…

Се вчитува...