По само 38 минути игра во првото полувреме, Пелистер е „торпедиран“ на гостувањето против Лех во Познањ со три погодоци во својата мрежа.
По мирниот почетен дел на мечот, Полјаците за само десет минути постигнаа три гола за водство од 3-0.
Најпрво во 28. минута Нилсен погоди од белата точка, по сомнително досудениот пенал…
Само две минути подоцна, Шитум со глава ефектно стрелаше под гредата на Илче Петревски, по нафрлањето од слободен удар од десната страна.
И, на 3-0 во 38. минута зголеми Мајевски за превисоко водство на домашните по првиот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА