Видео: Последен свиреж во Лондон, еуфорија во Ливерпул

Титулата им се „смешкаше“ подолго време, но фудбалерите на Ливерпул апсолутно уживаа кога дојде моментот – и официјално да бидат промовирани во нови шампиони на Премиер-лигата.

Голем дел од играчите заедно го следеа вечерашниот дуел меѓу Челси и Манчестер Сити, а по последниот свиреж на „Стемфорд бриџ“ прославата можеше да почне. Алисон, Ван Дајк, Окслејд Чембрлен, Робинсон и останатите стартуваа со еуфорична прослава на огромниот успех, осигуран на седум кола до крајот на Премиер-лигата.

 

Се вчитува...