ВИДЕО: Последниот свиреж во Тбилиси, историска радост за Македонија

Англискиот судија Ентони Тејлор означи крај на баражот, воедно и почеток на славјето на теренот и на трибините во Тбилиси, како и низ цела Македонија.

Остварен е успех што ќе се памети со генерации, Македонија ќе биде дел од еден европски шампионат. Неслучајно сите по мечот трчаа кон Горан Пандев, човекот што го постигна голот за ЕВРО 2020, што со години беше лидер на оваа репрезентација, па вечерва како по филмско сценарио ја имаше улогата на херој.

Грузијците имаат за што да жалат, ја упропастија својата историска шанса, истата онаа што што нашите асови маестрално ја искористија и сосема заслужено ќе бидат дел од едно големо натпреварување.

Се вчитува...