ВИДЕО: Препукувањето меѓу Пике и Рамос: Ќе се покае кога ќе ја види снимката!

Серхио Рамос доби црвен картон во 77. минута на „Ел Класико“ откако со две нозе стартуваше над Лионел Меси. Вистинска среќа е што Аргентинецот беше подготвен на потег на капитенот на Реал Мадрид, затоа што многу лесно можеше да дојде и до тешка повредата на Меси.

Но, Рамос воопшто не се помируваше со одлуката на судијата Алехандро Хернандез па му аплаудираше иронично и на Жерард Пике, кој е склон да коментира судиски превиди во корист на Реал Мадрид.. Пред заминувањето кон соблекувалните Рамос му довикна на Пике: „Ајде зборувај сега да те видам!“

А, Пике по мечот даде коментар на целата ситуација…

„Ќе се покае кога ќе дојде дома и ќе ја погледне снимката. Црвениот беше чист, но во Реал очигледно навикнале на некои поинакво судење“ – прокоментира Пике по синоќешниот дуел.

Се вчитува...