ВИДЕО: Проектил на Давид Бабунски од 25 метри, за триумф на Омија!

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски донесе триумф за јапонскиот второлигаш Омија во првиот свој настап сезонава за клубот.

Во 3. коло од Втората лига на Јапонија, Омија славеше со 0-1 на гостувањето против Токушима благодарение на прекрасниот погодок на Бабунски кој со шут од 25 метри постигна евро-гол…

 

Ова е прва победа за Омија сезонава. Во првите две кола Давид Бабунски не добиваше шанса за настап, а Омија запиша пораз и реми. Стручниот штаб се одлучи за промени во тимот за дуелот со Токушима кои веднаш вродија со плод.

Се вчитува...