ВИДЕО: Проектилите на Воша пресудни за триумфот на „лавовите“ против Академија Пандев

Арби Воша, без сомнение, е клучниот фудбалер за победата на Македонија ЃП од 3-1 против Академија Пандев во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Феноменалниот Воша првиот проектил, вистинско ремек-дело, го испрати уште во 2. минута за водство на „лавовите“…

„Пандевци“ израмнија со голот на Марио Маслаќ во 45. минута.

Но, во вториот дел Филип Мишевски повторно ја врати предноста на домашните во 50. минута.

Конечните 3-1 следеа во 64. минута по уште еден проектил на Воша кој, овој пат, заврши во дирекот од гостинскиот гол, но по одбиената топка убав шут испрати Калид Абдул Басит за нов гол.

Се вчитува...