ВИДЕО: Првите голови во новата сезона во Струга – Марковиќ за Работнички, евро-гол на Мустафов

Првиот погодок од новата сезона 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига ќе остане запишан за ФК Работнички.

„Романтичарите“ уште во 8. минута од дуелот дојдоа до водство на гостувањето против новиот прволигаш Струга Трим Лум, благодарение на одличната асистенција на Паповиќ и убавиот погодок со глава на Иван Марковиќ…

Но, домашните веќе во 22. минута стигнаа до израмнување со прекрасниот еврогол на Бурхан Мустафов кој погоди со шут од 25 метри…

Се вчитува...