ВИДЕО: Работнички ита кон Европа, три гола за триумф над Брегалница…

Работнички продолжува цврсто да чекори на својот пат кон нов излез на европската сцена и за следната сезона… „Романтичарите“ во 27. коло убедливо со 3-1 славеа против Брегалница.

Целата приказна беше завршена уште во првото полувреме, кога најпрво Трајчевски донесе водство уште во 4. минута а потоа по акцијата на Суад Сахити и Коцев си постигна автогол за 2-0…

Во второто полувреме, двоецот Трајчевски – Сахити повторно проработе за водство и од 3-0…

А, гостите единствено успеаја да го ублажат поразот по брзиот контра напад и убавиот погодок на Илиев…

Се вчитува...