Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) истражува инцидент што се случил во пресрет на натпреварот од СП 2026 меѓу Германија и Курасао, во кој бил вмешан еден од судиите.
Имено, австралиски службеник за ВАР е снимен како покажува гест на раката поврзан со групи кои се залагаат за белата надмоќ.
Снимка од спорниот гест
Судијата Шон Еванс беше задолжен за „поддршка на ВАР“ за време на убедливата победа на Германија од 7-1, и беше фатен на камера како гледа директно во објективот непосредно пред почетокот на натпреварот. Во тој момент, се чини, тој направил превртен гест на раката „ОК“. Таквиот потег стана предмет на контроверзии бидејќи може да се толкува како симбол на бела супремација.
Coupe du Monde 2026 : Shaun Evans, le superviseur de l’assistance à l’arbitrage vidéo d’Allemagne-Curaçao, a semblé reproduire un signe associé aux suprémacistes blancs. Son geste est sous enquête de la FIFA.#ALLCUR #FIFAWorldCup pic.twitter.com/N7c629iQCf
— Franceat média (@Franceatpresso2) June 15, 2026
Повеќе значења на симболите
Иако знакот „ОК“ најчесто се користи за потврда и е популарно емотиконско, неговото превртено прикажување под половината привлече големо внимание. Уште во 2019 година, имаше предупредувања дека симболот станал „популарна тактика на тролање“ од страна на десничарските поединци, кои често објавуваат фотографии со гестот на социјалните мрежи.
Од друга страна, гестот е поврзан и со детска игра во која лицето кое го гледа знакот под половината е удирано. Се очекува ФИФА темелно да го истражи контекстот и намерата на гестот на судијата.
Оваа ситуација разви силни полемики на социјалните мрежи, при што многу фанови ја нарекуваат целата работа „лов на вештерки“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
