ВИДЕО: Ремек-дела на Божиновски и Петров за три бода на „лавовите“ од Струмица

Со два прекрасни погодоци и триумф од 1-3, Македонија ЃП го заокружи гостувањето против Беласица во Струмица во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Боби Божиновски најпрво во 37. минута запиша ремек-дело со волеј удар за водство од 0-1.

Домашните брзо израмнија со голот на Коцев во 41. минута.

Но, потоа следеше голот на Ермедин Адем во 53. минута за 1-2 на „лавовите“, за да сето тоа се заокружи и со феноменалниот гол на Филип Петров за конечни 1-3.


Се вчитува...