Видео: Ренова ја доби битката со Струга

Ренова ги прокнижи првите бодови во новата сезона откако „гипсарите“ по голема битка успеаја да ја совладаат екипата на Струга Трим Лум со минимални 2-1.

Тетовци први дојдоа во водство, но Цветаноски најдобро се снајде во една мешаница на стартот од второто полувреме и израмни на 1-1. Сепак, отпорот на стружани беше скршен во самиот финиш, кога Адеми се најде на вистинско место и ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Се вчитува...